Општина Аеродром и во претстојната учебна година ќе доделува еднократна парична помош за првачињата.
- Поддршката за семејствата и инвестициите во подобрување на образовниот процес се нашите најважни приоритети. На мое задоволство, Советот на Општина Аеродром вчера донесе одлука со која и оваа година Општина Аеродром доделува еднократна помош за секое прваче, порача градоначалникот на општината Тимчо Муцунски.
- На овој начин, преку финансиска поддршка го олеснуваме товарот на родителите и на првачињата им посакуваме среќен почеток во новото поглавје од животот, додава тој.
Рокот за аплицирање е од 15 јуни до 29 септември, а условите и образецот може да се преземат од веб страната на Општина Аеродром или преку следниот линк.