
Цените на пелетите и натаму паѓаат, па така сега вреќа на големо може да се најде и по цена од 220-250 денари во вреќа, што сепак е доста поскапо од преклани кога солидни пелети се продаваа по 160-180 денари од вреќа.
Лани пак една вреќа од 15 килограми се продаваше и за над 480 денари.
Оваа година за разлика од лани пелетите станаа подостапни и ги има на залиха бидејќи се укинати забраните за извоз од Босна и Србија.
Граѓаните сега имаат поголем избор, што е можност цените дополнително да паднат во текот на летниот период кога сите се снабдувааат со еколошките пелети.
Сепак побарувачката според одредени продавачи е помала во однос на минатите години бидејќи многумина од граѓаните ги “открија” инвертер клима уредите кои се доста поекономични.
Извор: centar.mk