Столе Јовановски за сезонската работа во Дубровник: „Во Хрватска нè ценат, во мојот ресторан 9 од 11 вработени се Македонци“
„Локалното население и работодавците доста позитивно зборуваат за работното искуство со Македонците. За нас велат дека сме вредни работници, скромни, кои разбираат многу јазици, што е многу важно за работа во угостителството. Доказ за тоа е и што работам во ресторан во кој од вкупно 11 вработени, 9 сме Македонци“, вели Столе Јовановски за CRNOBELO.com за работното искуство во Хрватска и открива како оди средување на документација и со колку Македонци отпатувал таму.
Столе Јовановски е Македонец кој работи во ресторан во стариот град во Дубровник. Сезонската работа во Хрватска му се случила непланирано, во време кога се подготвувал да замине во Шпанија.
Но, по три месеци на Јадранското приморје, вели дека донел вистинска одлука да замине таму.
Столе не крие дека е позитивно изненаден од реакциите на хрватските угостители, од кои често слуша дека Македонците се вредни работници, па затоа и ги ангажираат за своите локали.
Доказ за ова е и што во ресторанот во кој работи тој, 9 од 11 работници се од Македонија.
За своите искуства и првите впечатоци во Хрватска, Столе раскажува во разговор за CRNOBELO.com
Целиот текст можете да го прочитате на crnobelo.com