Романски Клуж пред три години по повод проектот „Спортски фестивал“ смисли интересен концепт кој ги мотивира граѓаните да не плаќаат јавен превоз, но истовремено и да вежбаат.
Имено, на паметната автобуска станица во рок од две минути треба да направите 20 сквотови и во замена добивате бесплатен билет.
За некои тоа дојде како голема заштеда, некои сепак решија сами да ги плаќаат билетите бидејќи потребната вежба им беше премногу тешка. Сепак, тие се во малцинство, судејќи според коментарите на жителите на Клуж.
Сега, кога поминаа толку многу години, тест-проектот станува константа и Клуж ќе продолжи да нуди бесплатен превоз за оние кои се физички најподготвени. Секако корисни информации за сите кои одат во овој атрактивен туристички романски град.
Тоа е центарот на Трансилванија, богат со историја и со многу зелени површини, каде покрај различните мотиви со Дракула, можете да уживате во наследствата на Римската империја, прекрасните паркови, барокните и готските градби…