Повеќето места за капење во Европа ги исполниле најстрогите стандарди за квалитет на водата во 2022 година, според најновиот извештај на ЕУ за водата за капење.
Најчисти места за капење кои ја добија оценката „одлично“ се во Кипар, Австрија, Грција и Хрватска.
Во Малта, Бугарија, Романија, Словенија и Луксембург, сите оценети води за капење го исполнуваат барем минималниот стандард на таканаречен задоволителен квалитет.
Од усвојувањето на Директивата за води за капење во 2006 година, уделот на одлични места расте од година во година. Инаку, водата е поквалитетна во морињата отколку во езерата и реките. Извештајот покажува дека повеќе од 1.800 европски води за капење или осум проценти се наоѓаат во градови со повеќе од 100.000 жители, главно во Грција, Франција, Италија и Шпанија.