
Утрово пристигна првиот авион на компанијата „Norwegian“ на македонскиот пазар од Осло.
- Скопје од денес 23-ти јуни ќе се поврзе со норвешкиот главен град и со тамошниот аеродром „Gardermoen“, двапати неделно односно секој понеделник и секој петок. „Norwegian“ можеме да ја додадеме како нова авиокомпанија во нашето портфолио и да создадеме нова можност за македонските патници да ја посетат Норвешка и да патуваат низ Скандинавија и пошироко, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
Би можело да ве интересира: Се преговара со „Катар ервејс“ и „Флај Дубаи“ за летови до Скопје
Линијата Осло-Скопје ќе започне да оперира како сезонска, а од ТАВ Македонија се надеваат дека ќе прерасне во редовна авионска линија.
- Сметаме дека оваа дестинација има голем потенцијал, како за деловни патници, така и за одмор. Како ТАВ сме благодарни за оваа пригода. Вака се развива скопскиот аеродром, додаде Курти на свеченоста по повод пристигнувањето на првиот авион од Норвешка.