Инфлацијата, односно зголемувањето на цените, најмногу ги погодило граѓаните во набавката на храна, покажа анкетното истражување „Перцепции и ставови на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Северна Македонија“, спроведено од три невладини организации. За наодите од истражувањето во Тетово денес се одржа јавната дебата посветена на ефектите од мерките за ублажување на економската криза.
Анкетното истражување покажа дека домаќинствата најмногу се чувствуваат погодени од покачувањето на цените на храната (просечна оценка од 4,47 на скала 1-5), струјата (4,39), горивата (4,12), греењето (4,09), лековите и здравствените услуги. Од 1853 анкетирани граѓани 60,4% одговориле дека на храна нивното домаќинство не може никако да штеди и не може да го скрати трошокот и да сака.
Извор: kurir.mk