Австријка шокирана од цените на Јадранот: „Колку чини пицата? Па, поскапо е од Австрија!'

Австријка шокирана од цените на Јадранот: „Колку чини пицата? Па, поскапо е од Австрија!'

28. 06. 2023.

Со новата туристичка сезона се појавија и нови приказни за цените на Јадранот. Иако Хрватите беа најгласни во изминатите години бидејќи цените на некои места станаа апсолутно недостижни за хрватскиот стандард, за високите цени годинава зборуваат и туристите, кои вообичаено се навикнати на пониски цени од нивните земји.

Хрватска стана поскапа од Австрија - ова е мислењето на Австријката Брижит, која летово беше шокирана од цените кога летувала на Јадранот. Како што изјавила за „Krone Zeitung“, цените на некои јадења достигнале „ненормални височини“, дури и без прилози, а наведе и неколку примери.

- Пица 18 евра, бифтек 38 евра - рече таа, додавајќи дека и во продавниците не е ништо подобро.

- Путерот чини 4,5 евра - додаде таа.