Нашата приказна започна во 1947 година со само 18 вработени и со желба за успех, напредок и мотивација да се постигнат поголеми остварувања во работењето. Како одминуваа годините, бележени се инвестиции во нови машини, унапредување на производните процеси, а истовремено, семејството константно се зголемуваше. Благодарение на големите заложби на вработените, истрајноста и исклучителната колегијалност успеавме да се развиеме во голема и конкурентна компанија за производство на картон и амбалажа.
Во деведесетите години фабриката “Комуна“ брои повеќе од 700 вработени кои во рамки на тогаш модернизиран производствен процес, годишно произведувале околу 37.000 тони амбалажни производи. Токму овој резултат бил поттик за размена на меѓународно know-how.
Во 2000 година се приклучивме на концернот “Валкатрон“ од Република Словенија, а две години подоцна станавме дел од хрватската групацијата “Белчиште“. Во 2012 година компанија одлучи да пристапи кон групацијата “Дуропак“.
Во текот на сите овие над 70 години активно работење, нашата компанија континуирано расте и се развива. Достигнавме ниво на многу сериозен производител на брановиден картон и картонски кутии за пакување и станавме симбол за изготвување техничи решенија за картонско амбалажирање. Посветени сме на креирање и водење бизнис на одржлив и одговорен начин, со постојана грижа за нашите вработени, потрошувачи и клиенти, но и кон животната средина и заедницата каде што припаѓаме.
Сето тоа резултираше со големиот чекор – во 2015 година станавме дел од големото семејство на ДС СМИТ
Кои сме ние?
DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн на амбалажата и локалната услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот.
Нашите купувачи сакаат посеопфатни решенија за своите потреби за амбалажа, иновации и процеси што им помагаат да ги намалат отпадот, трошоците и комплексноста од нивните ланци за испорака. Користејќи ја нашата експертиза за области, од дизајнот преку производство, испорака и рециклирањето, во состојба сме да понудиме висок квалитет, еколошки иновативни решенија и одлична услуга што е ориентирана кон комплетните потреби за амбалажа на нашите купувачи, а не само кон еден дел.
Со еден збор ова го нарекуваме “Supply Cycle Thinking“ – што значи обединет пристап за отстранување на комплексноста на нашите ланци на испорака и нивно поедноставување. Со нашата посветеност кон клиентите, променувајќи ја нашата стратегија ние им помагаме: да ги зголемат своите продажби, да ги намалат нивните трошоци и да менаџираат со ризиците.
На глобално ниво, DS Smith делува во четири дивизии: амбалажа, рециклирање, пластика и хартија. DS Smith делува во 37 земји и брои околу 28.500 вработени на глобално ниво.
Во нашата земја се застапени две дивизии: амбалажа и рециклирање, со околу 150 вработени.
Квалитетот е во сржта на се’ што работиме во DS Smith. Токму затоа нашата основна цел е да го задржиме квалитетот во работните процеси и да обезбедиме развој на нашите вредности: иновативноста и посветеноста. На тој начин целиме кон нашата јасна визија – да бидеме водечки снабдувач на одржливи решенија за амбалажа во Македонија.
Покрај квалитетот, го негуваме и тимскиот дух кој овозможува внатрешните процеси во компанијата да се одвиваат беспрекорно – без никаков застој. Околу 70 наши работници во производство секојдневно создаваат амбалажа која треба да ги задоволи потребите на крајниот потрошувач, а за да се одржи континуитет во работењето со постоечките купувачи и успешно да се спроведуваат нарачките за новите клиенти се грижат нашите вработени во секторот за продажба и дизајн. Сепак, најинтересната задача ја има тимот задолжен за т.н. “Supply Cycle Thinking” процесот кој ни овозможува да произведуваме кутии за нашите клиенти коишто по нивното искористување ги собираме и ги рециклираме произведувајќи уште повеќе кутии за само 14 дена.
Активниот придонес и учеството во процесите на рециклирање и креирање на амбалажа, континуираниот ангажман и секојдневно вложениот труд од страна на нашите вработени се клучните фактори за нашиот успех. Горди сме на нашиот тим.
Заинтересирани сте за работа во ДС СМИТ?