
Преспа се подготвува за летово, а според цените е една од најевтините дестинации во Македонија.
Рестораните и хотелите во Претор, Сливница, Долно Дупени, Отешево, Стење… нудат и одлични цени за посетителите.
Цените во просек се поскромни од другите туристички градови, па така кафе еспресо или мало макијато чини 50 денари, кисела вода 60, сок 60, пиво 80-100 денари, додека пак ловечка плескавица од 150-180 денари, пица од 200-300 денари.
Цените пак на апартмани изнесуваат од 1500-2500 денари за цело семејство од едно ноќевање.