Од денеска нема веќе ограничување на цените-колку ќе поскапи лебот?

Од денеска нема веќе ограничување на цените-колку ќе поскапи лебот?

01. 07. 2023.

Цените, почнувајќи од денеска, ќе ги утврдува пазарот Владата нема да се меша

Цените, почнувајќи од денеска, ќе ги утврдува пазарот Владата нема да се меша

Од Министерството за економија, за МИА,  соопштуваат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани.

„Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, 30 јуни, домашните цени треба да продолжат да се утврдуваат според пазарни услови“,

велат за од министерството за економија.

Објаснувањето на министертвото е дека долгорочната примена на трговски маржи, во ситуација кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа.