Авто мото сојуз на Македонија информира дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
- петок од 17:00 – 22:00 часот,
- сабота од 09:00 до 18:00 часот и
- недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
- петок од 15:00 – 22:00 часот,
- сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
- недела од 07:00 до 22:00 часот.