Сингер Шеро Скопје има свој овластен сервис предводен од професионалци. Првата дејност на нашата компанија, уште од 1980 година, е сервисот и токму поради тоа за нас сервисот е столб на работењето.
Битен аспект од оваа гранка се тековните информации. Имено, во свет во кој работите и технологијата се менуваат толку брзо, битно е да бидеме во тек со новите производи и проблемите кои имаат потенцијал да се појават. Нашиот тим ова го достигнува преку редовни обуки и тренинзи кои се организирани од страна на самите производители или пак од нашите лидери.
Тренинг програмите најчесто се одржуваат во Кина, Германија и Полска.
Нашиот сервис врши поправка на сите видови на машини за шиење и е обезбеден со резервни делови за голем дел од машините на пазарот.
Во моментот, отворени се две работни позиции:
Општ работник - Магацин/Монтажа/Достава
линк за повеќе детали и аплицирање
Механичар за одржување на машини за шиење
линк за повеќе детали и аплицирање