Како задоволството на вработените е поврзано со корисничкото искуство?
Успехот на секоја компанија зависи од нејзините односи со клиентите и вработените. Задоволните вработени често обезбедуваат подобро корисничко искуство кон клиентите, што пак влијае на приходите на компанијата. Според странските истражувања, компаниите кои имаат воспоставена програма за ангажирање на своите вработени уживаат 233% повеќе лојалност на клиентите од оние кои немаат.
Истражувањето на задоволство на вработените ви овозможува да го проверите задоволството во вашата организација на едноставен и брз начин.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн, печатен или комбиниран) составен од 78 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
(Предизвикувачки работни задачи, Поддршка од супервизор, Организација на работата, Работни услови, Личен раст и развој, Вклучување во одлучување, Посветеност на работата, Меѓучовечки односи, Комуникација во компанијата).
ИЗВЕШТАИ
- Основен - приказ на резултатите на компанијата по сите тврдења со можност за филтрирање според посакуваните критериуми.
- Компаративен - ретроспективен извештај со преглед на резултатите од претходните години учеството на компанијата во истражувањето.
- Benchmark - приказ на резултатите на компанијата во однос на сите компании, топ 3 компаниите, според основна и специфична дејност.
Извештаите на Pulser ви даваат увид во:
- ESI - индекс на задоволство на вработените
- eNPS - мерење на лојалноста на вработените
- степенот на ангажираност
- 9 категории на задоволство