За патување во Грција, Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија и во други земји од ЕУ со сопствено возило, треба да поседувате, покрај домашна, и меѓународна возачка дозвола.
Во случај да немате ваков документ, може да бидете казнети до 50 до 300 евра. Овој вид дозвола со години наназад се издава во АМСМ, има рок на важност од три години и чини 950 денари. Засега македонската возачка дозвола важи само во Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Косово, Германија, Италија, Црна Гора, Шпанија и во Обединетото Кралство – Англија, Велс и Шкотска. За патување во сите останати земји од ЕУ, мора да се има овој меѓународен документ.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press