Дваесет и четири годишната В.С. од Скопје, била на берење малини во соседна Србија,во близина на српскиот град Чачак.
Сега се врати оттаму, вели убаво плаќаат,но работата е премногу напорна.
"Дневницата е 50 евра. Па сега пресметајте дали е исплатливо или не. Но работата е кошмар. Нема сенки, сонце пука,работиш од седум наутро до седум навечер. Не е издржливо. Затоа Србите не сакаат да ја работат оваа работа,неиздржлива е" вели девојката.
Вели дека кога би и требале пари, повторно би заминала,но само ако мора.
"Работата е неиздржлива, навистина. Луѓето многу тешко издржуваат цел ден на сонце. Плус,гранките на кои растат малините де преполни со боцки, еве,лично јас, целата сум со рани на рацете. Од сонцето сум изгорена,раните болат.... Секоја чест на луѓето што ја работат оваа работа. Јас издржав еден месец, земав плата 1.500 евра и се вратив. За млади како мене е ок, ете си спечалив пари за да одам на одмор"раскажува таа.
Додава и дека сместувањето било бесплатно,а имале и вклучени оброци.
"Луѓето се прекрасни, многу се фини, меѓутоа,работата е таа и ти како работник си запознаен со условите. Некому што е навикнат не му е тешко,но на нов човек му доаѓа шок. Газдите дневниците ги даваат по завршувањето на работниот ден- додава.
По завршувањето на работниот ден,вели дека немала сила за ништо .
" Мртов уморен се тушираш, вечераш и легнуваш во кревет,за да имаш сила за следниот ден. Немаш простор за шетање и уживање. Цело тело те боли, претепан си- вели.
На местото каде што работела,претежно биле помлади луѓе,иако имало и постари кои дошле од што имале потреба од пари.
- Секако беше незаборавно искуство. Дали би отишла пак не знам, добро би размислила- завршува таа.