Откако војводата од Сасекс се појавил со необичен црн прстен на десната рака, кој од тогаш не го вади, не престанува интересот на јавноста за него.
Откако во вторникот пред граѓаните, држејќи ја нежно за рака својата бремена сопруга, пристигнал принцот Хари, не престанува интересот на јавноста за необичниот црн прстен кој го носел на десната рака.
Првобитните претпоставки биле дека тоа е всушност подарок од Меган, откако ја објавиле веста за бременоста, или најава за Инвиктус игрите во Сиднеј, но одговорот е многу поедноставен.
Како што дознава списанието "People", станува збор за прстен со име "Oura", кој всушност е модерен тракер и ги следи сите активности, па податоците ги пренесува на паметен телефон.
Прстенот е направен од титан и доаѓа во два различни модели и дури четири бои, а принцот го одбрал моделот во црна боја.
Дека нема ништо против носење на накит, принцот покажал веднаш по венчавката, бидејќи од тогаш не го извадил својот венчален прстен.