Ново невреме ја зафати Хрватска, црвено предупредување е издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од земјата.
Силно невреме прво ги зафати Истра и Кварнер. Падна град, силниот ветер корнеше дрвја.
Сите надлежни институции издадоа алармантни преупредувања за жителите на земјата, особено по хаосот кој настана од невремето завчера во кое имаше и жртви и повредени.