„Голема е одговорноста да се води Триглав осигурување на хрватскиот пазар. Во текот на четиригодишниот мандат, ќе се фокусираме на клиентите и нивните осигурителни потреби и ќе изградиме стабилна и долгорочна врска како доверлив партнер. Нашата цел е да бидеме првиот и правилен избор на хрватските граѓани при изборот на осигурител кој ќе ги поддржи кога ќе се случат ризични настани
Надзорниот одбор на Триглав осигурување д.д. во Хрватска, по позитивна одлука од Хрватската Агенција за надзор на финансиските услуги, донесе одлука за именување на Вилма Учета Дузлевска на функцијата Претседател на Управниот одбор со четиригодишен мандат со почеток на 20 јули 2023 година, се вели во соопштението до медиумите.
Која е Вилма Учета Дузлвска?
Со повеќе од 15 години менаџерско искуство во финансискиот сектор во областа на животното и неживотното осигурување, од кои 12 години на позицијата главен извршен директор, Вилма Учета Дузлевска има докажано искуство во развој и управување со осигурителна компанија со потврдени резултати - зајакнување на капиталната основа, солвентност и раст на компаниите.
Покрај формалното образование на Економскиот факултет во Скопје, Вилма Учета Дузлевска поседува и бројни меѓународни сертификати и лиценци од областа на менаџментот и осигурувањето. Во текот на 2019 и 2020 година беше член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија и Управниот одбор на Македонското национално биро за осигурување. Таа е активен автор и дописник на стручни и деловни списанија и учесник и говорник на бројни европски и светски конференции за осигурување. За нејзините достигнувања во бизнисот и развојот на компаниите што ги водеше, Учета Дузлевска беше наградена како еден од најуспешните бизнис лидери во Југоисточна Европа, како дел од програмата Business Elite „40 Under 40“. Во 2022 година и беше доделена уште една награда „ Жена менаџер “ за нејзините достигнувања во бизнис секторот. Таа во моментов е претседател на Извршниот бизнис клуб на жени во Северна Македонија и активен член на Клубот на бизнис лидери во Југоисточна Европа.Работела во Кроација осигурување во Македонија од 2009 до 2020 година, со два мандати како главен извршен директор и извршен член на Одборот на директори во компанијата Кроација осигурување - Живот д. .
Во октомври 2020 година, таа премина во компанијата Триглав осигурување Живот а.д. на позицијата генерален директор и извршен член на Одборот на директори, каде нејзини главни должности, покрај одговорноста за целокупното работење на Друштвото, беа и спроведување на деловна стратегија за долгорочен развој, зголемување на адекватноста на капиталот и зајакнување на позицијата на пазарот.
Вилма Учета Дузлевска по повод именувањето на функцијата претседател на Управниот одбор рече:
„Голема е одговорноста да се води Триглав осигурување на хрватскиот пазар. Во текот на четиригодишниот мандат, ќе се фокусираме на клиентите и нивните осигурителни потреби и ќе изградиме стабилна и долгорочна врска како доверлив партнер. Нашата цел е да бидеме првиот и правилен избор на хрватските граѓани при изборот на осигурител кој ќе ги поддржи кога ќе се случат ризични настани. Заедно со одржливото профитабилно работење, нашата деловна стратегија ја базираме првенствено на растот и развојот на малопродажниот сегмент, каде што нашите клиенти се во преден план, бидејќи нашата крајна цел е да воспоставиме стандард на исклучително корисничко искуство - секогаш и секаде. Паралелно со дигитализацијата, во која ќе инвестираме значителни ресурси, планираме со голема амбиција и ентузијазам да се посветиме на имплементација на нови и иновативни осигурителни производи, што е еден од важните предуслови за постигнување препознатливост на пазарот. Со целиот сет чекори што планираме да ги преземеме во мандатниот период, Триглав го гледам високо на листата на избор на осигурителни партнери во Хрватска“.
Од 20 јули 2023 година, Управата на Друштвото Триглав осигурување д.д. го сочинуваат Вилма Учета Дузлевска како претседател на УО и Дарко Поповски како член на Управниот одбор. Вилма Учета Дузлевска ќе ја извршува и функцијата неизвршен член на Одборот на директори во Триглав осигурување Живот а.д. во Македонија.
Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска е најголемата компанија ќерка на Заваровалница Триглав надвор од Република Словенија. Со седиште во Загреб, таа е композитна Компанија која работи во доменот на неживотното и животното осигурување, присутна на хрватскиот осигурителен пазар веќе 56 години. Со својата долга традиција, таа делува на целата тероторија на Република Хрватска преку 8 подружници и повеќе од 70 продажни центри. Во 2022 година, оваа Компанија на своето конто забележа премија од преку 94 милиони евра, билансна сума од 197 милиони евра и капитална база од 25,8 милиони евра