Недостигот од мајстори на различни профили ги принудува луѓето на кои им се потребни да ги пронајдат на различни начини, од упатувања до реклами или на социјалните мрежи.
Недостигот на занаетчии го попречува секојдневниот живот на граѓаните кои понекогаш се принудени да чекаат и по две месеца за поправка или реновирање на стан. Градежните занаетчии го искористија недостигот на ваков кадар и двојно ги зголемија цените. Граѓаните велат дека освен што треба да ги чекаш по неколку месеци треба и дебело да ги платиш за да ти ја завршат работата.