Можеби најактуелна тема се клима уредите, нивното оддржување и ефикасност. Секој бара подобро решение да се разлади во најтоплите денови . Понекогаш доколку не се следат правилно иструкциите, клима уредите може да почнат неправилно да работат или воопшто да не работат. Тогаш доаѓа до непосакувани ситуации. Денес решивме да ви наведеме неколку најчести дефекти на клима уредите и начин како да се справите со нив.
Клима уредот пушта вода во внатрешната единица
Причината може да биде зачепено или превиткано црево за одвод на кондензатот. Други причини за ова може да се бараат во лош пад на клима уредот, нема добар пад на цревото, надвор цревото е потопено во садот со вода, или пак недостасува фреон во клима уредот, што предизвикува заледување на внатрешната единица.
Клима уредот не се вклучува воопшто
Прво се проверува доводот на струја, па потоа батериите на далечинскиот управувач. Проблем може да биде во приемникот на сигналот во електрониката или пак друг дефект на електрониката во внатрешната едниница.
Клима уредот дува топол воздух кога е вклучена на опцијата за ладење (не вклучува компресорот)
Овој проблем може да е присутен поради тоа што не се вклучува компресорот на клима уредот. Треба да се провери дали доаѓа струја до компресорот, дали е исправен стартниот кондензатор, или пак самиот компресор откажал.
Уредот не работи (компресорот работи)
Има голема веројатност дека нема фреон во системот. Прво треба ова да се провери ова со пронаоѓање на местото на течење на фреонот, визуелно или со ставање на системот под притисок. Местото на течење треба да се завари. Инсталацијата да се извакумира и да се наполни системот со соодветна пропишана количина фреон.
Климата слабо лади
Ова е можеби и едно од најчесто поставуваните прашања. Проблемот може да лежи во нечистотијата на клима уредот (во внатрешната и надворешната единица), може да недостасува фреон во системот, или пак клима уредот да има премал капацитет за просторот кој треба да се разлади.
На климата почнуваат да трепкаат сијаличките и не може да се исклучи од далечинскиот управувач
Проблемот може да биде во електрониката или некоја сонда за температура, во вентилаторот на внатрешната единица или пак до самиот компресор.
Климата не почнува да грее (компресорот работи)
Веројатно недостасува фреон во системот или пак дефектот е во магнетниот вентил.
На опцијата греење клима уредот запира и се вклучува црвена светилка
Клима уредот на опцијата греење има во одреден временски период процес на одмрзнување (анг. defrost), при што се пали црвена сијаличка и има пауза на работата на внатрешната единица. Процесот на одмрзнување е нормален кај опцијата греење и не е дефект. Доколку е сè во ред, ќе почне повторно да дува топол воздух за 10-15 минути.
Внатрешната единица цвили или тропа кога работи
Проблемот може да биде во самиот мотор на вентилаторот, во чаурата на вентилаторот или пак да е оштетена турбината на вентилаторот, после што клима уредот почнува и да тресе.
Надворешната единица е многу бучна
Буката може да се појави и ако вентилаторот на надворешната единица закачува за нешто, или пак е во дефект моторот на вентилаторот. Буката може да е случај и кога цевките во климата закачуваат за нешто од куќиштето, а може и буката да доаѓа од самиот компресор.
Доколку се соочите со некој ваков дефект, најпрво проверете дали можете сами да го решите проблемот. Доколку дефектот е поголем повикајте стручно лице за да не дојде до поголеми дефекти па дури и расипување на климата