„Тоа не е најдобра причина за отсуство од работа“, одговорил нејзиниот шеф.
Една жена предизвика дебата на Редит откако сподели како не наишла на разбирање од нејзиниот шеф за загубата на нејзиното милениче.
Корисничката @hopechaynn објаснила како дала отказ на работа бидејќи нејзиниот шеф и замерил што сакала да земе слободен ден за да го однесе нејзиното куче на еутаназија и ја објавила нивната преписка на Reddit.
Во првата порака му напишала дека има итен случај во семејството и дека нема да може да стигне на работа, а тој одговорил дека мора да дојде на смена и прашал „што има толку итно“, објави Индекс.
„Тоа не е баш најдобра причина“
Таа му објаснила дека неуспешно се обидела да најде замена и напишала дека мора да го однесе своето куче на еутаназија.
„Тоа не е најдобрата причина за отсуство од работа“, одговорил нејзиниот шеф. Жената била шокирана од неговата реакција и го известила дека ја напушта работата.
Нејзината приказна предизвика бурни реакции. Стотици корисници на Редит застанаа на нејзина страна, а немаа убави зборови за работодавачот.
„При загуба на домашно милениче потребно е време за да тагуваш, твојот шеф е ужасна личност“, напишал еден, додека друг додал: „Загубата на куче е 100 отсто семејна итна ситуација“.
„Тој дури и не треба да проценува дали е итен случај“, додаде трет.
„Никогаш не објаснувајте им за каква итна ситуација станува збор, тоа не е нивна работа. На крајот на краиштата, ниту една причина нема да биде доволно добра за нив“, додаде четвртиот.