Традиционално, од 2 август на многу месарници, слаткарници, фризерници, цвеќарници, пекарници, бутици, па дури и на забарски ординации, се залепени известувања дека затвораат поради користење колективен годишен одмор до средината на август.
Во последните години се почеста е практиката да се комбинираат празниците со годишен одмор, што кај нас е најчесто околу Илинден
„Не работиме до…“, „Затворено поради користење годишен одмор“, „Ви благодариме на разбирањето, се враќаме на 12 август“. Ако сакате да нарачате торта, тоа ќе треба да го одложите до средината на август, а таков распоред треба да си направите и за закажување потстрижување или поправка на забите.
Малите бизниси во Скопје веќе неколку години ја користат првата половина од осмиот месец за „полнење на батериите“, а главното оправдување е дека градот е празен и дека не вреди да бидат отворени колку да се рече.
Целиот текст прочитајте го на: slobodenpecat.mk