Уште во јануари годинава беа објавени предупредувања за појава на лажни евро банкноти, веќе следниот месец во Хрватска се појавија екстремно квалитетни фалсификати. Едвај да помине месец без некој да се обиде да внесе во Хрватска лажни евро банкноти.
Ниту сега ситуацијата не е подобра, пишува RTL. За седум месеци фатени се милион куни, повеќе од 150 илјади евра. Се е фалсификувано – дури и банконотата од 5 евра. Од Хрватска народна банка (ХНБ) предупредуваат во шпиц сезоната внимавајте што добивате. На некои од најчесто фалсификуваните банкноти дури пишува дека не се законско средство за плаќање, но сепак се случува некој во Хрватска да е измамен со нив, иако се со лош квалитет, пренесува Пословни.хр
„На лицето на фалсификатот дури и пишува: This is not legal it is be used for motion props, а исто така некои имаат ознака prop copy.
Затоа, при примање банкнота, важно е да се погледне и од напред и одзади за да се види дали е оригинал или фалсификат“, вели раководителот на Одделот за анализа на готовина на ХНБ, Мартина Скендеровиќ Божичевиќ.
Поштите, банките и другите финансиски институции имаат шалтери за вистински пари кои го препознаваат секој фалсификат и го одвојуваат од останатите. Исто како и другите валути.
„Постои и заштитна карактеристика – оптички променлива боја која се менува од виолетова во маслинесто зелена или кафена, во зависност од тоа како ја гледате, а која мора да биде видлива на оригиналната банкнота, која не се гледа на фалсификуваната. Таа сјајна боја не се забележува, само трепка виолетово, но кога ќе ја завртиме не ја менува бојата“, додава Скендеровиќ Божичевиќ.
Само во првите шест месеци од годинава се евидентирани 2.380 фалсификувани евро банкноти во вредност од речиси 150 илјади евра. Најфалсификувана е банкнотата од 50 евра, а на третото место е банкнотата од 100 евра, од кои годинава се регистрирани 347.
Фалсификувана е и банкнотата од 500 евра која веќе не е во оптек. И дури 26 за половина година, иако малкумина ја користат. Инаку, со неа може и нормално да се плаќа, но нови нема.