Рокот за поднесување даночни пријави за фриленсери во Србија истече вчера, а на даночниот портал за хонорарци пријави за првиот и вториот квартал поднеле 2.067 фриленсери, иако се проценува дека ги има значително повеќе.
Точниот број на фриленсери во Србија е непознат, а во студијата од 2021 година на Центарот за истражување на јавни политики, се проценува дека има приближно 74.000 онлајн работници ангажирани на сите платформи.
Споредено со тие податоци, 2.000 даночни пријави би значеле дека само секои 37 ја исполниле законската обврска.
Фриленсерите се должни да се пријават и да платат данок до крајот на јули.
Постојат четири категории на луѓе кои може да се сметаат за фриленсери, а првата е домашно физичко лице кое остварува приходи работејќи за правно лице, претприемач или физичко лице од странство.
Втората категорија, ја претставува домашно физичко лице кое остварува приходи за домашно физичко лице, а во оваа категорија спаѓаат „бебиситерки или занаетчии кои на пример ви ја бојадисуваат просторијата“.
Третата категорија е домашно лице кое заработува со работа во друга земја, а како пример ги наведува морнарите на океанските бродови.
Последната категорија е странец кој заработува со работа кај исплатувач на приходи од странство или домашно физичко лице – тоа се претежно дигитални номади.