За голем дел од граѓаните, месото стана луксуз и сè поретко го користат во секојдневната исхрана.
Инфлацијата ги зголеми цените на месото, а африканската свинска чума и птичјиот грип ја намалија понудата на пазарот. За голем дел од граѓаните, месото стана луксуз и сè поретко го користат во секојдневната исхрана.
Порано тоа беше неизоставен дел од секоја манџа, а сега го има само за неделниот ручек.
Ова го потврдуваат и од месарниците, од каде што велат дека продажбата на месо е значително опадната и оти ако порано се купувало по неколку килограми месо, сега се купува на грамови. Пилешкото месо, пак, кое до неодамна беше најевтино во однос на останатите меса, сега речиси се изедначи со свинското.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press