Зоолошката градина во Тенеси има нова ѕвезда, жирафа која е родена без пеги.
Жирафата сè уште нема име, но веќе стана хит поради изгледот. Таа е родена на 31 јули во приватна зоолошка градина во Лајмстоун, а јавноста ја виде овој месец.
Станува збор за мрежеста жирафа, една од четирите постоечки во зоолошката градина. Зоолошката градина соопшти дека ова би можело да биде „единствената мрежеста монохроматска жирафа во светот“.
Последната жирафа без пеги се роди во заробеништво во зоолошката градина „Уено“ во Токио во 1972 година.
Стефани Фенеси, извршен директор на Фондацијата за заштита на жирафата, рече дека групата „никогаш не видела ваква жирафа во дивината во Африка“.
Зоолошката градина се надева дека необичното суштество ќе помогне да се истакнат предизвиците со кои се соочуваат жирафите, вклучувајќи го и уништувањето на нивното природно живеалиште во Африка поради климатските промени и нелегалните ловокрадци.
„Дивите популации тивко изумираат, при што 40% од популацијата на дивите жирафи се изгубени само во последните три децении“, рече основачот на зоолошката градина „Брајтс“, Тони Брајт.
Зоолошката градина ѝ понуди на јавноста избор од четири имиња за гласање за да се одлучи за името на реткото животно: Kipekee, што значи единствено; Firyali, што значи необично или извонредно; Шакири, што значи „таа е најубава“; и Џамела, што значи „еден со голема убавина“.
Јавноста, која сега може да го посети бебето жирафа во зоолошката градина, од денеска ќе може да гласа за своето омилено име, пишува Телеграф