Период на топло време со температура над просекот за овој период од годината, најавува УХМР.
Невообичаено топлото време е резултат на јужното воздушно струење, а ќе биде особено изразено кон средината на претстојнава недела.
Според УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Утре во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд, а брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.
Од сабота повторно се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.