Уписите на деца во предучилишните установи се во тек, но ќе има ли кој да ги згрижи и едуцира најмалите? На истокот од државата овие институции се соочуваат со различни проблеми.
Во штипските градинки просторни услови има, но не и персонал, листата на чекање за запишување на дечиња во предучилишна возраст е долга, но сè поголем е бројот на кадар кој си заминува по основ на пензионирање, вели Ивана Ангеличкова, директорка на една од штипските градинки.
747Г9677 - 00.28 (сакам еве јавно) – 00.49 (одредена бројка на луѓе)
Ивана Ангеличкова, Директор на ЈОУДГ „Вера Циривири – Трена“-Штип
Дека бројот на запишани деца оваа година ќе биде помал за разлика од претходните, потврдува и директорката на друга штипска градинка, Наташа Мусева, според која привремено, но не и долгорочно решение е што групите работат со зголемен број на деца.
И додека штипските градинки мака мачат со бројот на вработени, Детската градинка „Кокичиња“, која, впрочем, е и единствената на територија на општина Карбинци има предлога листа на чекање и проблем претставува малиот капацитет. Градионачалникот Паунов вели дека е обезбедена проектна документација за доградба на градинката, со што ќе се овозможи дополнителен капацитет од 50 нови дечиња.
Пробиштипската детска градинка, “Гоце Делчев“, проблемот со просторните услови го реши со дополнителен објект, со кој на уште 74 дечиња до шест-годишна возраст од овој град им се овозможи пристап до социјална услуга за ран детски развој.
Во изградбата и опремувањето на новиот објект во општина Пробиштип се вложени над 31 милион денари.
Инаку, за директорите на овие установи да можат да распишат оглас за нови вработувања, согласно Законот, градинките имаат должност да испратат барање до надлежните министерства со соодветна документација која утврдува по кој основ се испразнети работните места, по што треба да се чека согласност од Министерството за труд и социјална политика, како и од Министерството за финансии.