Нова анализа на Институтот за грчки туризам
Години наназад, нашиот јужен сосед руши рекорди по бројот на туристи. Статистиката потврдува дека бројот на луѓе што ја посетиле Грција по копно минатата година изнесувал 9,3 милиони, што претставува повеќе од 30 проценти од сите туристички посети во земјата.
Според анкетата спроведена од Институтот за грчки туризам, минатата година, патувањата им донеле над 15 милијарди евра, а околу три милијарди евра од овие приходи пристигнале во земјата од туристите што ги посетуваат со автомобил.
Како што појаснуваат од овој Институт, предноста на туристите со автомобил е што може ја да изберат или да ја сменат дестинацијата во последната минута, без да плаќаат казнени такси, како во случајот со авионските билети.
Статистиката направила листа со најбројни туристи. Така, шесте најголеми туристички пазари што по копно ја посетуваат Грција се од земјите на Балканот: Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Турција, Албанија, како и Полска.
Овие седум земји учествуваат со 20% од приходите од туризмот во последниве години.
Цените во грчките хотели значително се зголемени споредено во однос на претходните години, главно поради кризата предизвикана од војната во Украина, но и поради растот на даноците. Најпопуларните дестинации, Санторини и Миконос, се едни од најскапите на Средоземното Море, а на ист ранг се Ибица и Сардинија.
Гранични премини: Оваа сезона се регистрира зголемен интензитет на сообраќај на Евзони
На грчко-македонската граница, на граничниот премин Евзони, во шпицот на сезоната, за влез и за излез од Грција се чекаше и по повеќе од три часа. На границата многу често се формираа по неколку колони возила, од кои најмногу беа со македонски, српски и со романски регистарски таблички. Забележливи се и туристите од Босна и Херцеговина, Унгарија, како и од Бугарија.
На грчката граница, заедно со припадниците на грчката полиција, забележливи се и припадниците на Еулекс, кои ја мониторираат работата на грчките колеги, но, одвреме-навреме, и тие ги проверуваат пасошите на некои од луѓето што ја напуштаат Грција.
За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот премин Богородица нема подолго чекање.Сепак, интензитетот на сообраќај е зголемен, особено на автопатот Е-75, кој води кон српската граница. На патарините, исто така, летово беше фреквентно.