Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
– За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, информира Министерството за труд и социјална политика.