Георгиј Стојановски e од Велес, има 34 години и завршено два факулета на Универзитетот Св.Климент Охридски - Битола, дипломиран менаџер за туризам и угостителство во Охрид и дисперзирани студии во Велес - насока гастономија 2008-2011 и дипломиран менаџер по хотелско ресторанско работење 2013-2016 а момeнтално работи во Германија.
Тој е еден од тие официјални 200.000, а неофицијално многу повеќе млади македонци кои последниве години си заминаа од земјава. Работел на брод во Америка, работел и во кујна и како рецепционер има искуство и со работа во Галерија, работно искуство има и од Алјаска, а и на речни бродови во Франција и Германија.
Прв пат си заминал во 2011 па вели: Имав и позитивни и негативни причини за заминување
Позитивни причини: Беше голема желбата за патување да прошетам, да видам различни земји, нации, култури едонставно пошироко да го осознаам овој свет на кои сме гости тука. Како мал од основно училиште многу имав желби на пример: да пливам со делфини, да го посетам „Golden Gate Bridge“ и затворот Алкатраз во Сан Франциско, да ја посетам еден ден Алјаска - таа недопрена мајка природа, да ги посетам Бахамските острови, Јамајка - Очо Риос и возење на "bobsleigh", Мексико - Акапулко и другите острови, Канарските острови, Карибските острови, Куба, Еурусалим, да видам во реален живот мечки и волци, едноставно цела Америка.
Негативни причини: Растев сиромашно, воспитано домаќински од мојот татко до мојата 13-та година и од мојата мајка, до ден денес да ми е здрава и жива уште 100 години.
Кога би размислил сега поради што си заминав, односно решив да патувам по белиот свет, најголем причинител е системот и политиката во тогашно време, а и до ден денес се нема променето апсолутно ништо, цели 33 години од опстојувањето на Република Македонија сме во бумеранг во фашизам и бунар без скалила.
Во моментот кога реков доста е од се, во 2011 најголемата причина е во тогашната политичка ситуација. Бев немоќен да се борам против сето тоа.
Како замина во странство кој ти ја најде работотата и кои беа потешкотиите кога прв пат замина во странство?
За првпат кога добив желба да заминам најпрво многу истражував по интернет баш тогаш бевме во време на транзиција каде интернетот стана доста достапен за многу информации и наидов на една агенција од Скопје која посредуваше за работа на брод. Воглавно сам си барав, немав помош и насоки од никој едноставно желбата и инстинктот ги следев секако за првпат на 21 година млад неискусен финанскиски непоткрепен нормално мора за првпат преку агенција да платиш и одиш, независно дали треба јазик или не сепак самото искуство, маката и амбициозноста ќе натера човек да се снајде.
Потешкотиите најмногу ми беа од недоволното познавање на англискиот јазик и нормално неискуството да бидеш измешан помеѓу 67 различни националности, а пред се да ја оставам мајка и сестра. Тие ми беа, и ми се сеуште сè во животот. Тие ми беа најголема поддршка и ми се сеуште.
За првпат заминав во 2011 Декември месец во САД на работа на брод каде се до 2018 година кај што меѓувреме имав кратки паузи затоа што бев запишан на вторите студии. Во 2018 кога се вратив од брод за кратко заминав да работам и живеам на копно една година во Алјаска да го искусам копнениот живот и животот во Алјаска. Додека после една година во 2019 се решив да се вратам и да започнам да работам на речни бродови во Франција и Германија каде успешно завршив една сезона иако требаше во 2020 Март месец повторно да се вратам во Германија меѓутоа наметнатата чума која го зафати цел свет на сите ни ги промени плановите и животите за жал кој исто бев заробен и приморан да си седам дома во Македонија.
Затоа одлучив повторно да заминам поради насилното завземување на позиција од 2018 и кога ја продадоа својата ДНК за пусти пари се знаеше во кој правец се движеше ситуацијата.
Во месец Јули 2020 пред самите предвремени избори во Република Македонија единствено Германија беше отворена и ние во зелена зона за патување па така се решив и успеав за работа да најдам и средам за потребните документи и заминав односно дојдов во Германија каде до ден денес за жал сум сеуште тука хахаха.
Што сè имаш работено и дали има вистина во она „Заработуваш доволно ама немаш време за живот“?
Ох, што не, после желбата како мал да бидам готвач и успешен шеф за жал тогаш уште пред авантуристичките патувања во странство работев како готвач низ Македонија и во еден од познатиот ланец на хотели во Гевгелија но за жал влегов во погрешни раце, време и место.
За првпат на крузерите прво влегов во кујна да работам неколку дена меѓутоа тоа што сè видов внатре и искуството за тоа кратко време подобро реков ќе одам да чистам базени одколку да работам во кујна на крузерите (за да работиш внатре во кујната треба да имаш дополнително едно тело и коски) кој бил на брод знае за што зборувам ха ха ха.
Откако го совладав убаво англискиот јазик променив работа и оддел, работев како продавач на уметнички слики кои чинеа илијадници евра, па на крај се префрлив во Duty Free Shops. Сето ова беше дејствување помеѓу 2011-2018, додека во Алјаска сето бродско искуство ме донесе да работам како менаџирање на локална "art gallery" уметничка галерија кај што бев најсреќен за времето кое бев во Алјаска поради недопрената убавина и мајка природа.
По француските и германските реки додека пловев бев рецепционер каде секогаш насмеан ги пречекував гостите.
И денес во Германија работам за една гигантска компанија Амазон која нуди супер услови сега за сега што не значи дека ќе се венчам за неа наскоро следи друга промена хахаха.
Како изгледа еден твој работен ден во Германија и колку се заработува од час?
На почеток изгледа и тешко и лесно брзо и забавно се додека не стане се навика. Правам проверка на артикли кои се продаваат онлајн, нивниот квалитет, да не се оштетени или со баркод погрешно залепени, да не имаат некој недостаток, едноставно речено проверка на стока, контрола и квалитет.
Минималната плата по час моментално во Германија започнува од 12 евра, колку се заработува тоа е индивидуално кој како и каде ќе има к'смет.
Што се предностите, а што мааните од работа во странство?
Од моја точка предностите во странство се тоа што штом ќе навлезеш еднаш во "белиот свет" и не ти се враќа назад едноставно не припаѓаш ни таму ни таму и така се губиш, патуваш собираш искуство, се бараш себеси дури не решиш "to settle down I guess" да се вдомиш. Ние сме најголемите МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОРИ на Република Македонија било каде и било на кое тло да застанеме ние ја презентираме нашата мајка татковина во најдобро светло, додека политичките арамии ја гаснат таа светлина да изгледа и биде на најниско ниво глобално нашата ни земја Македонија.
Додека мааните некои ќе речат се работи многу се нема време, да точно е тоа меѓутоа конкретно овде а и во повеќето туѓи земји во Европа имаат систем кој им функционира, имаат правила и закони кои се следат (Во Македонија има исто правила и закони ама нема кој или не сака никој да ги да ги спроведе) овде исто се заработува и можеш во еден месец да си купиш што ти душа сака освен кола и стан тоа оди на кредит од банките.
Колку македонци има и дали се дружите?
Денес се е сведено на љубомора, алчност, голем дел на егото е присутно во нас каде за жал владее она "зошто тој/таа успеа а не можам јас" не е само ова помеѓу нас македонците секаде е исто само на друг јазик е пренесено. Овде во Германија исто индивидуално е добар со добар човек се наоѓа и се дружи додека добар и лош не припаѓаат на исто ниво и се одбегнуваат.
Конкретно за себе можам само да кажам дека се дружам и сакам да комуницирам и се радувам се додека не приметам дека не е искрено дружење а и роднините ме одбегнуваат зашто им ја "плескам" вистината в лице затоа тоа никој не сака да ја слушне вистината подобро лажи го човека...ама ај биди таков кога не си скроен.
Дали и под кои услови би се вратил во Македонија?
Секако дека се враќам 2 до 3 пати во годината да си видам фамилија. Се уште не размислувам на тоа да останам и градам иднина допрва (зашто не гледам иднина моментлано), фокусот ми е да се вратам во многу блиска иднина повторно во Америка, за време на црната чума ми беше одлично овде но плановите се менуваат многу често, додека не си го најдам мирот, животот е еден и нема реприза.
Што би рекле некои се навикна на голема плата затоа не сака да работи за 150 евра месечно ха ха ха (иако сега е покачен минималецот ама за кој? Сигурно не за трета класа.
Дали патиш за Македонија?
Од 13 години патам за коските на татка што лежат таму. Малку сарказам не е наодмет. Нормално дека патам прво за моите најмили мајка ми и сестра ми и зетот со нивните две преубави ќерки и внуки мои кои жално растат тие и други деца во отруен систем. Секако не ги заборавам моите роднини и пријатели кои сеуште ги имам додека го дишам овој воздух.
Што би им препорачал на оние кои се двоумат дали да заминат од земјава?
Во последно време често слушам не само млади туку и многу постари повеќе од 50 години генерации сакаат да отидат да живеат на друго место затоа што не се издржува финансиски и моменталната состојба во Македонија така да топло би препорачал да не се плашат, да се решат без размислување и да целат кон подобро утре за нивно здравје мир и благосостојба. Секако не е лесно но ние сме таков народ и нација што издржала и ќе издржи сè во животот од јадење леб и свинска маст, до фашизам, партизација, капитализација, глобализација, инфлација, земјотреси, живеење со една плата, со еден родител, со 6000 денари месечно
Додека на младите нека сонуваат или сонуваат нека го бркаат сонот да го фатат , да се фокусираат за она што сакаат да го достигнат макар и да не го фатат врвот барем ќе се обидат и не губат ништо само добиваат желба за следен чекор и обид.
Убаво е кога ќе си ги исполниш некои желби кои си ги сонувал уште како мал простум не би си поверувал себеси дека тоа навистина станало јаве со делфини, мечки, волци, итн.
Животот е како книга - некои страници се среќни, некои тажни, но сите се потребни за целата сторија.