Регулаторната комисија за енергетика предмалку ги објави новите цени на дериватите.
Според новиот ценовник што ќе стапи на сила од вечерва на полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРО СУПЕР БС – 98, се намалува за 3,50 денари и изнесува 73,00 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и изнесува 71,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 ден и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.