Последниве години Словенија стана популарна дестинација за работа. Луѓето кои живеат и работат таму велат дека животот во оваа држава е навистина квалитетен, а има и многу работни можности.
Земјата е позната по високиот степен на социјална заштита, ефикасен здравствен систем и образовен систем којшто е високо рангиран на меѓународната сцена.
Она што најмногу ги привлекува луѓето да одат и да работат таму се различните можности за вработување. Словенија има развиена индустрија во области како што се информациска технологија, фармација, туризам, автомобилска индустрија и финансиски услуги.
Плати во Словенија по професии
Платите во Словенија се многу поголеми отколку во останатите земји од регионот, со што и да се занимавате. Пред вас е листата на просечни плати по професии, меѓутоа треба да земете предвид дека таа може да варира врз основа на компанијата, градот и многу други фактори.
Плати во Словенија за медицински работници
Словенија е земја која има многу квалитетен здравствен систем. Модерна опрема, неверојатни медицински установи и високо образовни експерти, а таму покрај тоа што ќе заработите исто така и ќе учите нови работи.
– Возач на возило за Брза помош, околу 1.500 евра;
– Анестезиолог, околу 2.500 евра;
– Стоматолог, околу 2.200 евра;
– Лаборант, околу 1.500 евра;
– Медицински сестри, околу 1.500 евра;
– Нутриционисти, околу 1.500 евра;
– Ортопеди, 2.000 евра.
Плати во Словенија за „останати занимања“
Некои од најчестите занимања со кои луѓето од Балканот се занимаваат во Словенија се градежннишптво, транспорт, хигиеничари и слично. Во споредба со Македонија, платите таму за тие професии се многу повисоки.
– Хигиеничар, 1.200 евра;
– Физичка работа, 1.200 евра;
– Пекар, 1.300 евра;
– Возач на камион, 1.300 евра;
– Месар, 1.300 евра;
– Возач на трактор, 1.500 евра;
– Градежништво, 1.500 евра.
Плати во Словенија за работници од ИТ сектор
ИТ-експертите во Словенија како и во поголем дел од останатите земји се меѓу најплатените. Кај ваквите занимања платата може да варира, а најмногу тоа зависи од компанијата, искуството, како и од проектите на кои се работи. Според податоците на страницата „boljsaplaca.si“, платите на ИТ-експертите се следни:
– Веб дизајнер, од 1.300 до 2.700 евра;
– Вебмастер, од 1.200 до 2.400 евра;
– Софтвер инженер, од 1.400 до 5.800 евра;
– Scrum Master, од 2.100 до 5.300 евра;
– IT Security, од 1.600 до 5.500 евра;
– Програмер, од 1.700 до 4.300 евра.
Плати во Словенија во областа на угостителството
Не е реткост дека многу луѓе од Македонија одат таму и работат во областа на угостителството. Во овој предвиден сектор платите не се приближни на оние во медицината или информациските технологии, но треба да се земе предвид и бенефитот како бакшиш, бонуси и слично.
– Келнери, 1.400 евра;
– Рецепционери, 1.200 до 1.800 евра;
– Пица мајстори, до 2.000 евра;
– Помошник готвач, околу 1.000 евра;
– Главен готвач, 2.800 евра;
– Шанкер, околу 1.500 евра.
Најдобро платени професии во Словенија
Најдобро платените професии во Словенија се оние кои се однесуваат на менаџерските и директорските позиции. Таквите професии подразбираат управување со човекови ресурси, квалитетот, секторите, финансиите и целата компанија.
– Директор, 6.800 евра;
– ИТ директор, 5.400 евра;
– Директор на продажба, 4.800 евра;
– Пилот, 4.800 евра;
– Директор на логистика, 4.700 евра;
– ИТ архитект, 4.500 евра;
– Директор на маркетинг, 4.400 евра.
Минимална и просечна плата во Словенија
Минималната месечна плата по законот во Словенија изнесува 1.203 евра. Ова е минимална плата за лицата кои работат полно работно време, односно пет денови во неделата по осум часа. Тоа Словенија ја става на деветтото место меѓу 11-те членки на ЕУ во кои пости законски пропис за минимална месечна плата.
Според официјалните податоци, просечната плата во Словенија во 2023 година изнесува 2.132 евра месечно.
Колкави се трошоците за живот во Словенија
Во Словенија цените на становите во голема мера варираат во зависност од градот, локацијата, состојбата во која се наоѓа станот и други фактори.
Дефинитивно најскапите станови се во Љубљана каде месечно изнајмување на гарсониера изнесува меѓу 500 и 700 евра.
Од друга страна, месечната кирија за двособни станови во кои може да живее цело семејство се движи меѓу 900 и 1.200 евра.
Со самото тоа може да се заклучи дека киријата во Словенија е најголемиот месечен трошок којшто не треба да ве чуди затоа што ситуацијата е таква во поголем дел од земјата. Освен тоа во трошоци треба да ги сместите и месечните режии за интернет, кабелска, струја, вод и останато.
Цени на храната во Словенија
Цените на храната во Словенија се повисоки од Балканот, но не превисоки. Маркетите често имаат акции на кои храната може да се купи на значителен попуст.
– млеко, 1.1 евро;
– литар масло за јадење, 3 евра;
– леб, 1 евро;
– јајца, 1.8 евра;
– шеќер, 1.5 евра;
– килограм сирење, 11 евра;
– килограм бело месо, 9 евра;
– килограм компири, 0.8 евра.
Останати трошоци:
– гардероба, цената е слична како и во другите земји на Балканот;
– гориво, 1.5 евра по литар;
– месечна карта за градски превоз, 37 евра;
– кутија цигари, 4.5 евра;
– членарина за теретана, 40 евра;
– оброк во евтин ресторан, 10 евра