Комета која не е видена повеќе од 400 години ќе биде видлива на северната хемисфера следната недела, но за многу кратко време.
Станува збор за неодамна откриената комета која ќе се појави за првпат по 400 години, а набљудувачите на северната хемисфера ќе имаат ограничено време за да ја видат. Потоа таа ќе се појави повторно, но дури по 400 години.
Станува збор за комета со пречник од еден километар, која сигурно ќе помине покрај Земјата на 12 септември, приближувајќи ни се на 125 милиони километри.
За ранобудниците, советот е да го насочите погледот кон североисточниот хоризонт околу час и половина пред зори, на помалку од 10 степени над хоризонтот во близина на соѕвездието Лав. Кометата ќе стане посветла кога ќе се приближи до Сонцето, но ќе биде вистински предизвик таа да се види и тоа со голо око
Ќе ви биде потребен добар двоглед ако сакате да ја видите, а исто така треба да знаете и каде да гледате, објаснува Пол Чодас, шеф на Центарот за проучување на објекти во близина на Земјата на НАСА.
Кометата ќе ја достигне најблиската точка до Сонцето, дури и поблиску од Меркур, околу 17 септември пред да го напушти Сончевиот систем, а Чодас сугерира дека најверојатно ќе го преживее патувањето околу Сонцето.
Под претпоставка дека ќе ја преживее средбата со Сонцето, се очекува кометата да биде видлива на јужната хемисфера до крајот на септември, иако ниско на хоризонтот во вечерниот самрак.
Ретката зелена комета беше откриена од јапонски астроном аматер во средината на август. Кометата, сега именувана по откривачот Нишимура, има впечатлива зелена нијанса.
Во денешно време, и покрај сета технологија, ретко се случува аматер да открие комета. Ова е негово трето откритие, вели Чодас.
Последнoто појавување на оваа комета се случило пред околу 430 години, односно деценија или две пред Галилео да го измисли телескопот, пишува „Зимо“.3
Извор: Brif.mk