Врз основа на член 22 ст. 1 т. 1 и член 23 од Законот за работните односи, член 44 ст.6 т.6 од Статутот, ФАКОМ АД – Скопје објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС за пополнување на следните работни места со можност за работа во СТРАНСТВО:
1. Металоглодач – 2 (два) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ Средна стручна спрема / Училиште за занимање
- Со и без работно искуство
2. Заварувач - 20 (дваесет) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ Средна стручна спрема / Училиште за занимање
- Со и без работно искуство
3. Бравар - 15 (петнаесет) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ Средна стручна спрема / Училиште за занимање
- Со и без работно искуство
Кандидатите за горенаведените позиции покрај посебните услови потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Кандидатите кои се пријавуваат на огласот потребно е да поседуваат силна мотивација и вештини за самостојна и тимска работа, способност за одговорно и доверливо извршување на работните задачи и желба за континуирано учење и унапредување на знаењето.
Работодавачот ќе изврши проверка на знаењето и способноста на пријавените кандидати од соодветната област.
Кандидатите под точка 2 и 3 ќе имаат можност да работат во СТРАНСТВО, доколку исполнуваат одредени критериуми во поглед на квалитетот. Почетната плата за работното место под точка 1 изнесува - 20.000,00 денари нето износ, а работното време е од 06,00 до -14,00 часот, по потреба и во смени, почетната плата за работното место под точка 2 изнесува од 18.000,00 – 120.000,00 денари нето износ, во зависност дали работи во РМ или странство, а работното време е од 06,00 до -14,00 часот, по потреба и во смени, почетната плата за работното место под точка 3 изнесува од 18.000,00 – 120.000,00 денари денари нето износ, во зависност дали работи во РМ или странство, а работното време е од 06:00 до 14:00 часот, по потреба и во смени , полно работно време – 8 часа дневно, 40 часа неделно од понеделник до петок.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Изборот за горенаведените позиции ќе се изврши во рок од рок од 45 дена, 90 дена или 120 дена согласно чл. 23 ст. 2 од ЗРО, по истекот на рокот за пријавување. Зинтересираните кандидати треба да достават пријава - мотивационо писмо со назнака за која позиција аплицираат, CV и доказ за завршено образование, лично или по пошта на адреса: ФАКОМ АД –Скопје, бул. Александар Македонски бр. 18, Скопје или преку полето Аплицирај.