Во Црна Гора веќе цел месец трае натпревар во лежење поради што натпреварувачите можеа да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Во селото Брезна, недалеку од Никшиќ во Црна Гора, се одржува натпревар во лежење, а од 21, колку што имаше на почетокот, останаа пет херои.
Тројца мажи и две девојки се борат за титулата „најголема мрзливец“ и награда од 1.000 евра, а никој не сака да се откаже сега кога победата е толку блиску, пишува 24sedam.rs.
Ги соборија сите рекорди
„Ова е навистина без преседан. Сите рекорди се соборени одамна. Секој од овие пет натпреварувачи кој ќе победи го заслужил тоа. Никој не сака да се откаже сега, ова е многу повеќе од натпревар во лежење, ова е вистинска психолошка игра. Ние се трудиме навистина да им обезбедиме најдобри услови. Им носиме храна и пијалаци, има и лекари кои се грижат за нивното здравје“, изјави Миќо Благојевиќ, креаторот на натпреварот.
Еден од натпреварувачите ослабел, друга не станува поради цените на горивото. Сиот свет чул за лежачите во Брезна, бидејќи бројни регионални и светски медиуми го следеле најбизарното натпреварување во Европа.
„Сè започна со шегувањето околу предрасудите дека Црногорците се мрзеливи и сакаат да лежат, а еве тоа е сега натпревар за кој зборува сиот свет. Оваа година има толку многу анегдоти, кои долго ќе се прераскажуваат“, изјавил Благојевиќ.
„Еден од нашите натпреварувачи дури и ослабе неколку килограми иако јаде и лежи. Таткото на една девојка ѝ донесе нов автомобил пред влезот на етноселото за таа да стане и го види, со што би го завршила натпреварот – но таа сепак рече дека не се откажува сè уште. Горивото поскапе, подобро да остане да лежи“, низ смеа додал тој.