Facebook за прв пат објави детални упатства за сите содржини кои не се соодветни за објавување на оваа друштвена мрежа.
Покрај останатото, забрането е и:
- објавување насилни закани или акти на сексуално насилство
- промовирање тероризам
- криволов на заштитени видови
- обиди за продажба или купување на марихуана, продажба на огнено оружје или лекови кои се добиваат на рецепт
- поставување упатства за самоповредување
- прикажување на малолетници во сексуален контекст
Повеќето од овие работи се забранети во рамките на „стандардите на заедницата”, но и тие се прилично широко дефинирани, па новите упатства ги дефинираат подетално.
Промените и дополнувањата на стандардите ќе ги следат 7.600 вработени кои ќе одлучуваат дали пријавените содржини ќе ги отстранат од мрежата, а во некои случаи и ќе и се обратат на полциијата.
Фотографии од голи гради во некои случаи ќе бидат прифатени, како на пример доење на фотографии, но во други ситуации не. Во документот детално се наведува што се смета за сексуално искористување на возрасни или деца, но и се остава простор за понатамошно заострување на критериумите доколку за тоа се почувствува потреба.
Сепак, правилата понекогаш не можат јасно да разграничат каде е границата помеѓу шега и вознемирување во некои содржини или каде е границата помеѓу размислување и директна закана.
kajgana.com