Во 2009 година, имало 129 000 млади вработени, денеска оваа бројка е 111 000 млади вработени. Односно, има 18 000 помалку млади вработени. Бројот на неактивни млади паккои не бараат работа, од кои дел студираат или учат се намалува за 50 000. Со овие статистики Јована која работи заедно со истражувачите во Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, го отвори поткастот „Што го врти светот„ со гостинот Дарко Велков, основач на vrabotuvanje.com.
Во „Што го врти светот“ соговорниците ја истакнуваат потребата младите да бидат активни, но и државата да создава се повеќе механизми со кои ќе ги поттикне младите да се активираат. Секако, и приватниот сектор треба да се вклучи со понуда на подобри и поатрактивни работни места.
Беа истакнати и можностите за пракса кои денеска им се нудат на младите. Велков, истакна дека најголем дел од вработените и менаџерите во неговата компанија почнале со пракса. А денеска младите имаат можност за платена пракса од 12 000 денари, која би им дала можност да научат преку работа, но и да откријат во која област се пронаоѓаат. Секако, средното стручно образование може да обезбеди подобар кадар за компаниите, но според Велков тоа сеуште не е доволно атрактивно и покрај фактот што е значително унапредено во последните години.
Целата епизода на „Што го врти светот“ со Дарко Велков, можете да ја погледнете на:
Поткастот „Што го врти светот“ може да го следите на социјалните медиуми и да го слушате на YouTube и Spotify секој четврток во 20 часот.