Станува збор за промена на сијалица на ултра висока кула. Таа сијалица се менува само два пати годишно, а тој што ќе ја заврши работата за два дена, заработува 260.000 долари.
Видеото снимено од работник кој ја врши работата стана вирално на TikTok. „Само малкумина се осмелуваат да ја работат оваа работа. Ова е една од најопасните и најплатените работи на светот. Ова е посебна работа која вклучува работа на голема висина, т.е. менување сијалица на 600 метри висока кула. Висината е еквивалентна на зграда од 200 ката“, вели тој во видеото.
Кулата е изградена од метал, но колку е поголема висината, кулата е потесна. Нема заштитни мерки, а работниците се потпираат на јаже врзано за нивното тело. „Ова не е само тест за вештините на работникот, туку и за неговата ментална и физичка издржливост“, се вели во видеото.
На работникот му требаат четири часа за да се искачи на врвот на кулата и потоа да ја смени сијалицата што е поставена на многу тенок столб. Доколку дува силен ветер, постои можност столбот да почне да се ниша. „Најголемата брзина на ветерот на врвот на кулата е речиси 100 километри на час. Ако не се фатите цврсто за столбот, едноставно ќе паднете“, се објаснува во видеото.
Но и симнувањето од кулата не е лесно - работникот мора да оди по истиот пат како што се качил.
Првиот услов е очигледен - човек не смее да се плаши од височини. Исто така, мора да се биде физички силни бидејќи треба да се искачува на врвот четири часа, а потоа да се спушта.