Велат дека со сегашниот колективен договор нзголемувањето ке биде од 22 на 24 000 денари, тие бараат 78% поголеми плати.
Штрајкуваат вработените во сите 28 јавни обвинителства низ целата држава. Штрајкувачите ќе работат предмети во кој има само притвор, претрес или неодложни жалби.
За време на штрајкот ќе се работат само итните и неодложни работи, а штрајкот на вработените во јавните обвинителства ќе трае се до исполнување на нивните барања.
„Сите работиме за кредити и поради тоа чашата е веќе прелиена. Апелираме за поскора средба бидејќи ќе го радикализираме штрајкот и ќе бидат алармирани сите институции, амбасадори како оние на ЕУ, САД, Холандија за да ги кажеме нашите проблеми бидејќи мислам дека и тие не знаат со што се соочуваме …“- револтирани вработените во јавните обвинителства почнаа со штрајк. Бараат зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците од 35 насто.
Посочија дека до сите политички партии во Собранието е испратен амандман со кој се бара во ребалансот на буџетот да се предвидат средства за повисоки плати за вработените во обвинителствата. Според нив редно време е, барем еден пратеник од која било политичка партија да има доблест да го слушне нивниот глас и да почне да се бори за вработените. Велат дека со општиот колективен договор и со зголемувањето од 10 проценти на плата нивните примања би биле од 22 на 24 илјади денари.