До Националната комисија за заштита од дискриминација најмногу предмети има за политичката дискриминација при работните односи. Се посочува проблемот со судско завлекување на предметите. Имаме законски одредби, поволни можности, потребна е поголема свесност.
Политичката и друг вид дискриминација при работните односи е најбројната од преку 400 претставки стигнати до Комисијата за заштита од дискриминација која со полна пареа работи две и пол години. Граѓаните пријавуваат. Досега има предмети колку за цела година лани, доколку не се реагира на комисиските препораки, се оформува прекршочен предмет.
Имаме Закон веќе четири години, и можност за успешна битка со дискриминацијата, но потребна е зголемена свесност.
На судските лавиринти реагираат невладините и за граѓаните е препознатлива политичката дискриминација, но друго е прашањето да се пријави.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги почна средбите со граѓаните за поголема ефикасност на еднакво и рамноправно општество.