Ресторанот Мана во Манчестер, со Мишелин ѕвезда, ги намали цените на своето мени за дегустација како одговор на зголемените трошоци за живот.
Од 1 ноември, Мана ќе ја намали цената на своето целосно мени од 195 фунти (220 евра) на 175 фунти (200 евра) и ќе понуди дополнителен попуст за оние кои работат во угостителската индустрија.
„Размислувавме колку сме достапни, бидејќи нашата работа не ни значи толку многу ако не можеме да ја споделиме надалеку“, напиша ресторанот на својот Инстаграм профил, пренесува thecaterer.
- Покрај нашите драги гости, размислувавме и со кого друг навистина сакаме да ја споделиме нашата возбуда и брзо решивме дека тоа ќе бидат други кои се занимаваат со угостителство - додаваат тие.
Јадењата на Мана вклучуваат, меѓу другото, остриги со лимета и копар, сладок „коџи крем“ и јоркширски јагоди.
Извор: faktor.mk