Во Англија вчера стапи на сила забраната за пластични чинии и прибор за јадење за еднократна употреба и одредени видови полистиренски чаши, пренесува Скај њуз.
Ова следи по сличната одлука на Шкотска која беше донесена минатата година, додека забраната во Велс се очекува кон крајот на овој месец.
Забраната, исто така, вклучува пластични послужавници за еднократна употреба, чинии и стапчиња за балони, а владата изјави дека целта е намалување на загадувањето со пластика.
Според проценките, во Англија се користат 2.7 милијарди парчиња прибор за еднократна употреба, од кои повеќето се пластични и 721 милиони чинии, но само 10% се рециклираат.
Дополнително, еден човек просечно користи 37 парчиња прибор за една употреба и 18 пластични чинии за една употреба секоја година.