Што донесе септемвриското зголемување на пензиите?
На првиот ден на исплатата на пензиите стигна официјална информација од Министерството за труд и социјална политика: пензиите се зголемуваат за 5,3 проценти.
Истовремено, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување излезе со податоци за август, врз основа на кои „Пари“ пресмета колку со покачувањето изнесува просечната пензија, колку е најниската, колку е најголемата….
Според августовската статистика, во земјава пензија земаат 336.806 наши сограѓани. Со порастот од 5,3 проценти, просечната септемвриска пензија е 20.072 денари, а во август беше 19.062 денари, што е пораст од 1.010 денари.
Најниска пензија во август била 11.897 денари и ја земале 2.663 пензионери. Нивната пензија сега е зголемена за 630 денари, со што тие земаат 12.527 денари. Највисоката ја земаат 75 пензионери, и таа во август изнесувала 69.803, а во септември се зголемила за 3.699 денари и сега во октомври тие добиваат пензија од 73.502 денари.
Целиот текст прочитајте го на: pari.com.mk