
Порталот Енергетика.ме објави интересни графикони на кои е прикажана цената на електричната енергија во повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија.
Како што е наведено, графиконот подолу ја прикажува цената на електричната енергија за домаќинствата во повеќе од 100 земји. Цените се изразени по kWh и ги вклучуваат сите ставки на сметката за електрична енергија како што се трошоците за дистрибуција и енергија, разни еколошки такси и даноци. Цените датираат од март годинава.
Домаќинства
Просечната цена на струјата на глобално ниво е 0,148 евра за kWh за домаќинствата и 0,154 евра за kWh за деловните корисници. Цените за домаќинствата се пресметуваат со помош на просечната годишна потрошувачка на електрична енергија во домаќинството, а за компаниите се користи потрошувачка од 1.000.000 kWh годишно.
Компании