Општата вештачка интелигенција (AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите полиња за 10 години, изјави извршниот директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank, Масајоши Сон.
„Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе. Таа сега учи сама, сама се обучува и сама носи заклучоци, исто како и луѓето“, нагласи Сон, според CNN.
Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој предвиде дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентен од збирот на целата човечка интелигенција.
Сон претходно зборуваше за потенцијалот на AGI, вообичаено користејќи го терминот „единственост“, за да го трансформира бизнисот и општеството, но ова е првпат да даде временска рамка за развој на вештачка интелигенција.
Извршниот директор на SoftBank е склон да изнесува радикални тврдења за трансформативното влијание на новите технологии. Неговите предвидувања за мобилниот интернет во голема мера се остварија, додека оние за Интернетот на нештата (IoT) не.
Според Tech Target, вештачката општа интелигенција (AGI) е вид на вештачка интелигенција дизајнирана да изврши каква било интелектуална задача што може да ја изврши човекот. AGI, исто така, може самостојно да најде решение кога ќе се соочи со непозната задача.
Извор: kajgana.com