
Во Хрватска синоќа пристигна најавената промена на времето, а сончевото време беше заменето со облаци, дожд и ветер. Метеоролозите и претходно најавија дека може да падне снег на највисоките планини. Така и се случи на Платак, односно на врвот на Радешево, како што е прикажано на снимката од веб-камера.
Снег синоќа падна и во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.
Извор: kajgana.com