Викендот е одлично време за разгледување на нови понуди за работа! Овој пат решивме да ви претставиме дел од можностите за вработување во рамки на Регионалниот саем за вработување кој започна во вторник, а ќе трае до 31 октомври.
Во него учествуваат дури 39 компании од Македонија кои имаат повеќе од 200 отворени позиции за сите баратели на работа!
За вас одбравме дел од огласите на саемот, во категориите: Трговија, ИТ и Технологии, Финансии и Услуги.
На сите кандидати им посакуваме многу среќа во потрагата по работа работа!
Валентина Кецман, директорка на аеродромот во Бања Лука, изјави дека аеродромот многу сериозно преговара со Wizz Air за отворање бази во Бања Лука, што би значело значително повеќе летови и линии, пишува Zamaero.
Просечната цена на земјоделските производи во Европската унија е намалена за два отсто во однос на 2023 година, додека просечната цена на инпутите (стоки и услуги кои се користат во земјоделството) падна за шест отсто, покажува анализата на Европскиот статистички институт (Евростат).
Идејата да се направи јавниот превоз бесплатен за секого звучи фантастично, меѓутоа се поставува прашањето дали тоа ќе доведе до негова поголема употреба, односно поголем број на патници.
Претставниците на шпанската влада и двата најмоќни синдикати во земјата потпишаа договор во саботата за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платата, а министерката за труд Јоланда Дијаз по тој повод рече дека потегот „ќе се проучува на универзитетите“ низ целиот свет“.
Како што германската економија продолжува да тапка во место, сè помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека се повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo, пренесува германската новинска агенција (dpa).