Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на претходните цени.
Од 31.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,291 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,883 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.